Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговиот неодамнешен престој во САД.
Мицкоски вечерва ја објави заедничката фотографија со претседателот Трамп, каде што е присутна и сопругата на премиерот.
„Македонија и САД, партнерство засновано на доверба, поддршка и пријателство“, напиша премиерот Мицкоски по повод објавувањето на заедничката фотографија со претседателот Трамп.
