back to top
4.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Мицкоски: Отплатени се 700 милиони евра долг

Други наслови

Владата ја отплати еврообврзницата од 2020 година во вредност од 700 милиони евра, која претходната влада ја имаше подигнато, враќајќи ја пред рокот и заштедувајќи неколку милиони евра, објави премиерот Христијан Мицкоски.

Според него, во последните две години, отплатени се или презакажани околу 4,5–4,6 милијарди евра долг, главно создаден за време на владите на СДСМ и ДУИ.

„Во овие две години се реструктуирани околу 4,5 – 4,6 милијарди евра. Ова се долгови и обврски создадени, во најголем дел, од седумте години влада на СДСМ и ДУИ. Секако, има и од порано, но во најголем дел, процентуално, ова е нешто над три четвртини. Ги сервисираме овие обврски, во исто време наоѓаме средства за инфраструктурни проекти. Склучивме и колективни договори со образованието, здравството, администрацијата итн. Кога работиме мудро, се санираат сите штетни последици од едно време што никогаш не би сакал да се повтори ниту за граѓаните ниту за државата.“ „Ќе продолжиме да функционираме на тој начин“, рече Христијан Мицкоски – премиер.

Споредувајќи ги економските параметри, премиерот рече дека во периодот на владите на СДСМ и ДУИ, растот на бруто домашниот производ бил нешто под 1,8 проценти, додека во седумте квартали од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тој е речиси двојно поголем, поточно 3,5 проценти.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести