Премиерот Христијан Мицкоски денес, одговарајќи на новинарско прашање во врска со Законот за високо образование, рече дека сите оние кои се против законот всушност се плашат од новите критериуми за избор во звања.
„Да. Прво, дозволете ми да го изразам моето задоволство од настанот што го имавме вчера во Владата. Го организираше Министерството за образование и наука. И самите видовте во медиумите, како беа присутни ректорите на државните универзитети. И со еден збор, сите го поддржаа Законот. Ова е првиот.
Второ. Сите тие политички шпекуланти кои јавно рекоа дека се против законот, наводно на овој начин се нарушува автономијата, импровизираат и манипулираат. Бидејќи, всушност, вчера ги видоа ректорите на државните универзитети како го поддржуваат тоа. Тие во основа се плашат од новите критериуми за избор во звања.
Досега работевме според Законот од 2018 година. А нашиот најстар, најпознат Универзитет, би рекол, во моментов „Свети Кирил и Методиј“, падна за 1000 места на Шангајската листа. Всушност, дури и не знам дали е рангиран воопшто. А во еден период беше рангиран.
Сега, тие сакаат да работат еден ден во неделата. Тие сакаат плата од 120-150.000 денари, а не сакаат да пишуваат труд годишно, што е нивна работа, труд. Тие не сакаат да пишуваат труд. Исто е како јас сега, како премиер, да доаѓам на работа половина ден во неделата и да барам да имам десет пати поголем приход и да не бидам одговорен за ништо во државата. Не функционира така.
Оваа Влада ги зголеми платите како резултат на Колективниот договор, двапати за вработените на универзитетите. И знам дека ќе има такви што ќе излезат и ќе ме критикуваат сега, иако сум редовен професор. И ќе кажат како било така, и ќе бараат точка-запирка во мојата изјава, но суштината е оваа. Тие не сакаат да работат. Тие сакаат да имаат 6 часа неделно, да ги затворат за еден ден. Тие сакаат плата од 120-130-150.000 денари и да не напишат ниту еден труд. Да не напишат ниту еден научен труд. Па, ова повеќе не може да се случува“, рече Мицкоски.
