back to top
18.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Морничави сцени и масовна тепачка на фудбалери: Тренерот заврши во болница, судијата додели 17 црвени картони

Други наслови

Неверојатни сцени на насилство избувнаа по натпреварот од Купот на Боливија помеѓу Реал Оруро и Блуминг, кој заврши 2:2, и му донесе на домаќинот пласман во четвртфиналето благодарение на победата во првиот натпревар, јавуваат локалните медиуми.

Веднаш по последниот свиреж на судијата, дошло до масовна тепачка меѓу играчите на двата тима. Според весникот „Ел Потоси“, играчот на Реал Орура, Себастијан Зебалос, бил првата цел на конфликтот, а откако се одвоил од противничките играчи кои го спречувале, нападнал други учесници во инцидентот. Во физичките пресметки учествувал и неговиот соиграч Хулио Виља

Во хаосот беше повреден и тренерот на Реал Орура, Марсело Робледо, кој се судри со член на тренерскиот штаб на боливиската репрезентација. Робледо беше однесен во болница поради повреда на рамото и удар во главата.

Поради ескалацијата на насилството, на теренот влегоа 20 полицајци, кои употребија солзавец за да ги спречат судирите. Тренерот на „Блуминг“, Маурицио Сорија, веднаш им нареди на своите играчи да се повлечат во соблекувалната.

Официјалниот записник од натпреварот покажува дека биле доделени вкупно 17 црвени картони – седум на играчи на Блуминг, четири на играчи на Реал Оруро, додека тренерите на двата тима, како и нивните помошници, исто така биле исклучени. Според првичните информации, најмалку шест играчи на Блуминг ќе бидат суспендирани до крајот на натпреварувањето.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести