Експертот за надворешна политика на германската партија Алијанса за разум и правда на Сара Вагенкнехт, Севим Дагделен, ги повика германските власти да го искористат предлогот на рускиот претседател и да го обноват дијалогот со Русија.
Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да биде потенцијален европски посредник во преговорите со Москва треба да се сфати како обид за враќање на дипломатските односи, изјави за РИА Новости Севим Дагделен, експерт за надворешна политика од германската партија Алијанса за разум и правда на Сара Вагенкнехт. Таа нагласи дека дијалогот е неопходен услов за мир.
– Оние кои се заинтересирани за мир мора да водат дијалог – рече Дагделен.
Севим Дагделен ги повика германските власти да го искористат предлогот на рускиот претседател и да го обноват дијалогот со Русија.
– Ќе ми биде жал ако федералната влада го отфрли овој дијалог – рече Дугделен.
Таа додаде дека оваа идеја на рускиот претседател може само да се поздрави.
– Дијалогот е предуслов за воспоставување мир со Русија и прекин на непријателствата во Украина. И во овој поглед, секако, може само да се поздрави фактот што руската влада сака да го види поранешниот германски канцелар како посредник – рече германскиот политичар.
Според неа, отфрлањето на овој предлог на рускиот лидер од страна на германската влада би било неодговорно и кратковидо.
– Во суштина, ова (предлогот на Путин во врска со Шредер) е одличен гест од страна на рускиот претседател. Со оглед на молкот што моментално владее во Германија во врска со Русија, би било кратковидо и неодговорно ако федералната влада едноставно го отфрли овој предлог – рече политичарот.
Зборувајќи за кандидатурата на Шредер за функцијата преговарач, таа истакна дека тој ужива авторитет не само во Русија, туку и меѓу значаен дел од германското население.
– Затоа што само пред неколку години, на почетокот на конфликтот во Украина, тој ги понуди своите услуги како медијатор. Тогашната федерална влада беше премногу кратковида за да ја прифати оваа понуда – заклучи Дугделен.
Во саботата, рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи за можен соговорник во преговорите меѓу Русија и Европа, рече дека лично би го претпочитал Герхард Шредер, но истакна дека на Европејците е да изберат лидер на кого му веруваат и кој не кажал ништо лошо за Русија.
Путин нагласи дека Европа , а не Русија, се откажала од преговорите. Германските медиуми во неделата објавија, повикувајќи се на извори во федералната влада, дека Берлин наводно не сака да го види поранешниот германски канцелар Герхард Шредер како потенцијален европски посредник во преговорите со Русија.
Засега нема официјална реакција од германската влада за ова прашање. Претходно, претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, изјави дека со лидерите на Европската Унија разговара за подготовките за преговори со Русија кога „ќе дојде вистинскиот момент“.
„Шпигел“, сепак, објави дека германската владејачка коалиција, која ја сочинуваат Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) и Социјалдемократите (SPD), ја разгледува можноста претседателот Франк-Валтер Штајнмаер да посредува во дијалогот меѓу Европа и Русија.
