back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Муцунски: Македонија останува посветена на унапредување на процесот на европска интеграција

Други наслови

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, во рамките на работната посета на Брисел, се сретна со европската комесарка за проширување, Марта Кос.

На состанокот се разговараше за текот на процесот на пристапување, реформската агенда на земјата и спроведувањето на Планот за раст.

Поздравувајќи ја конструктивната и отворена соработка со Европската комисија и нејзините служби, Муцунски нагласи дека Владата останува целосно посветена на постигнување напредок во процесот на интеграција и целосно мобилизирана во исполнувањето на реформите на ЕУ и обврските преземени во рамките на Реформската агенда.

Во овој поглед, беше поздравен напредокот во неколку иницијативи што носат конкретни придобивки за граѓаните и економијата, како што се влезот во Единствената европска платежна област (SEPA) и активностите за усогласување со правилата за роаминг на ЕУ.

Во разговорот беа покренати и неколку други актуелни прашања од областа на секторската соработка со Унијата, со фокус на економската интеграција и поврзаност. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести