Судејќи според астролошките аспекти, Лавот ќе биде најсреќниот знак во август.
Причината за ова е исклучително силната концентрација на планети во овој огнен знак, вклучувајќи го Сонцето, неговиот природен владетел, како и моќниот Јупитер, планетата на среќата, изобилството и големите можности .
Сите врати се отвораат за лавовите
Во текот на август, Лавовите ќе почувствуваат дека им се отвораат врати во сите области. Многумина ќе добијат можност да напредуваат на работа, да ги зголемат приходите или да започнат важни проекти што можат да донесат долгорочна корист. Јупитер го зајакнува оптимизмот, самодовербата и харизмата, па Лавовите полесно ќе ја привлечат поддршката од влијателни луѓе и ќе ги остварат своите цели.
На љубовниот фронт, ги очекуваат возбудливи познанства, романтични средби и можности за зајакнување на постоечките врски. Слободните Лавови би можеле да запознаат личност која целосно ќе им го промени погледот кон љубовта, додека зафатените ќе уживаат во поголемо внимание од партнерот.
Втората половина од август е клучна
Особено поволен период ќе биде втората половина од месецот, кога многу Лавови конечно ќе ги видат резултатите од напорите што ги вложиле во претходните месеци. Среќата ќе ги следи низ патувања, јавни настапи, креативни проекти и сите ситуации каде што можат да ги покажат своите таленти.
