back to top
5.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Невреме низ Европа: Откажани летови, прекини во електричната енергија, нарушен сообраќај…

Други наслови

Силното невреме што зафати денеска делови од Европа предизвика прекини во снабдувањето со електрична енерегија, откажување на летови, соборени дрвја и блокада на некои сообраќајници.

Во неколку европски земји, припадници на противпожарните служби се ангажирани во санација.

Во белгискиот главен град Брисел, противпожарната служба одговори на околу 90 повици, претежно за паднати дрвја или скршени гранки. Бројни повици и материјална штета се пријавени и во други делови од земјата.

Во Шкотска и Норвешка, некои домаќинства сè уште беа струја поради оштетени далноводи.

Според норвешкиот радиодифузер НРК, десетици илјади домаќинства во јужните и централните делови на скандинавската земја немаат електрилчна енергија.

Во Шкотска има прекини во железничкиот сообраќај, во Холандија се откажани околу 150 летови, а некои патишта се блокирани поради паднати дрвја.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести