back to top
13.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Нереални сцени од Кент, 30.000 луѓе под надзор, бескрајни редици за антибиотици

Други наслови

Менингитисот е воспаление на заштитните обвивки на мозокот и ‘рбетниот мозок што може да напредува многу брзо и е најчесто кај децата и младите луѓе.

Две лица починаа, а најмалку 11 се во сериозна состојба во болница по појава на менингитис во англискиот град Кентербери. Жртвите се на возраст меѓу 17 и 21 година: едната била студентка на Универзитетот во Кент, а другата ученичка во граматичкото училиште „Кралица Елизабета“ во блискиот Фејвершам.

Извршната управа за здравје и безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) контактирала повеќе од 30.000 студенти и персонал и им обезбедува антибиотици на некои студенти во Кантербери. Специфичниот сој на болеста сè уште не е идентификуван.

Од Универзитетот во Кент се добиени фотографии на кои се гледаат долги редици студенти кои трпеливо чекаат антибиотици. Сите носат маски и стојат на безбедно растојание. За жал, сцените потсетуваат на деновите на пандемијата, но британските експерти тврдат дека ја имаат ситуацијата под контрола.

слика
слика
слика
слика
слика
слика

Триш Манес од UKHSA предупреди дека студентите понекогаш ги пропуштаат првите симптоми бидејќи „лесно можат да ги помешаат со други болести како што се настинка, грип или дури и мамурлак“. Таа додаде дека блиските контакти на пациентите веќе примиле антибиотици како превентивна мерка.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести