back to top
7.8 C
Skopje
недела, 18 октомври , 2026

Нереално видео од Хаваи: Вулкан исфрла лава до 380 метри во висина

Други наслови

Вулканот Килауеа на Хаваи исфрла лава во висина до 380 метри, објави Американскиот геолошки завод (USGS).

Како што пишува „Њузвик“, тоа е еден од најактивните вулкани во светот.

Епизодата 39 од тековната ерупција на вулканот започна на 23 декември во 20:10 часот по локално време.

Континуирани фонтани од лава високи околу 30 метри еруптираат од северните и јужните отвори, додека во претходните епизоди лавата создаваше еруптивни облаци до 6.000 метри над нивото на земјата.

Ветровите од североисток ги насочуваат емисиите на вулкански материјал кон југозапад, соопшти Националната метеоролошка служба.

Американскиот геолошки завод истакнува дека сите активности се ограничени на кратерот Халемаумау, а комерцијалните аеродроми во округот Хаваи (KOA и ITO) нема да бидат засегнати, пишува локалниот портал „Maui Now“.

Претходните епизоди на ерупции на лава во кратерот Халемаумау генерално траеле еден ден или помалку и биле одделени со затишје во активноста што траело неколку дена.

Црвениот аларм останува активен за Килауеа, додека USGS продолжува да ги следи сите активности.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести