back to top
31.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Нетанјаху најавува строги мерки: Ќе им го одземе државјанството на сите што ќе ја „оцрнат“ израелската армија

Други наслови

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара одземање на државјанството на оние кои ја критикуваат израелската армија, истакнувајќи дека ќе предложи два нови закони.

Овој потег е директен одговор на документарниот филм НАЗА, во кој израелски војници сведочат за воените злосторства извршени во Газа.

Во обраќање преку социјалните мрежи, Нетанјаху објави дека ќе поднесе два нови законски предлози до парламентот, кои вклучуваат одземање на државјанството на секој што ќе ги клевети војниците и изрекување огромни казни, или зголемување на износот на надоместокот за клевета за дури 20 пати.

„Ќе ги удриме и по џебот и по државјанството, бидејќи немаат место меѓу нас“, рече тој.

Јувал Абрахам и Рејчел Сор, авторки на филмот НАЗА, беа директно цел на овие најави. Филмот неодамна освои специјална награда од жирито на Филмскиот фестивал во Венеција, што предизвика остри реакции во врвот на израелската влада.

Министерот за култура Мики Зохар го нарече филмот „одвратен“, а наградата „шокантна“. Зохар ги обвини авторите за предавство и самоомраза со цел „да добијат аплауз од антисемитите“ и најави дека лично ќе дејствува за одземање на нивното државјанство.

Филмот НАЗА е базиран на интервјуа со 24 анонимни членови на израелската војска и разузнавачките служби. Во филмот, тие детално опишуваат како војската користи системи за вештачка интелигенција (ВИ) за да избира цели и да извршува напади, свесно согласувајќи се на масовни цивилни жртви.

Како најдрастичен пример, еден од интервјуираните војници наведе ситуација во која армијата одобрила убиство на до 500 цивили само за да ликвидира висок член на Хамас.

Израелската војска целосно ги отфрли сите обвинувања изнесени во документарецот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести