back to top
22.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Нејмар повторно се повреди, настапот на бразилската ѕвезда на отворањето на Светското првенство е неизвесен

Други наслови

Бразилскиот фудбалски репрезентативец заработи повреда за време на подготовките за Светското првенство и најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар на Бразил на Светското првенство.

Информацијата ја потврди угледниот новинар Фабрицио Романо, кој објави дека Нејмар ќе биде надвор од терените во следните две или три недели.

Поради ова, тој ќе ги пропушти подготвителните натпревари против Панама на 31 мај и Египет на 7 јуни, а сигурно е дека нема да биде подготвен за првиот натпревар на Бразил на Светското првенство.

Тоа ќе биде дуел против Мароко на 14 јуни во Њу Џерси.

Ве потсетуваме дека пред објавувањето на списокот на тренерот Карло Анчелоти пред Светското првенство, најголемата мистерија во Бразил беше дали на него ќе се најде Нејмар, кој во последните години не играше фудбал на највисоко ниво.

Навивачите го сакаа Нејмар, многу експерти сметаа дека не заслужува покана, а на крајот Анчелоти сепак одлучи да ја однесе поранешната ѕвезда на ПСЖ и Барса на Светското првенство.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести