back to top
17.8 C
Skopje
недела, 20 септември , 2026

Ниеден маж не ѝ го пружил ова на Јелена Карлеуша! Таа призна кој е главниот проблем во врските: „Никогаш не сум…“

Други наслови

Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша проговори за своите врски со поранешните партнери и истакна дека во секој од нив недостасува разговор.

Како што вели таа, никогаш не зборувала за проблемите со својот поранешен сопруг Душко Тошиќ, со кого поминала 17 години во брак, туку од него добивала само критики.

– Никогаш не разговарав со моите партнери, тоа беше голем проблем. Не можев правилно да комуницирам со ниту еден од нив. Сакав, но со човекот со кого поминав 17 години во брак, Душко, никогаш не разговарав за никакви проблеми, за мојата позиција во општеството, освен кога ме критикуваше – изјави Јелена Карлеуша во подкастот „Озлоглажен“.

Покрај тоа, Карлеуша неодамна изјави дека сите мажи со кои била во емотивна врска профитирале од неа.

– Секој од нив. Секој од нив имаше 300 проценти, и секој од нив ми ја зеде душата, љубовта, животот, нервите, буквално сè што можеше. Секој од нив профитираше, секој од нив доби она што никој друг не би го дал – изјави пејачот претходно во „Амиџи Шоу“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести