back to top
8.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Николовски: Очекуваме милиони евра од избегнати акцизи

Други наслови

Имаме одврзани раце да работиме на сè, во тек е истрага за акцизни стоки, очекуваме милионски наплати преку избегнати даноци, изјави директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

„Работиме на нешто на што никој во Царинската служба не бил охрабрен да работи, ниту пак имал интерес да работи на таков случај. Ние, како дел од државниот апарат предводен од премиерот Христијан Мицкоски, имаме одврзани раце да работиме на сè.“

„Кога ќе го завршиме целиот случај, ќе стигнеме до милиони затаени даноци што ќе ги наплатиме. И се надевам дека во соработка со Јавното обвинителство на НКОК ќе стигнеме не само до сторителите, туку и до клиентите“, нагласи Николовски.

Тој исто така нагласи дека оваа година, од јуни, од страна на Одделот за истраги при Секторот за контрола и истраги се поднесени 91 кривични пријави. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести