back to top
5.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Нов скандал на повидок: Еве зошто Хари и Меган се вратија во Британија – Вилијам е бесен на својот брат

Други наслови

Една од причините за враќањето на принцот Хари во Велика Британија е филмот за принцезата Дајана што наводно го подготвува, пишуваат британските медиуми.

Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган Маркл, пристигнаа во Велика Британија кон крајот на минатиот месец , а локалната јавност шпекулира дека една од причините за нивното враќање е филмот за животот на принцезата Дајана, на кој работи Хари.  

Следната година се навршуваат 30 години од смртта на принцезата Дајана, а  Хари веќе почнал да ги контактира своите пријатели за да учествува во филмот, според Ричард  Кеј, уредник на „Дејли меил“ . 

– Ми беше кажано дека една од причините зошто Хари е тука е да направи телевизиски филм, свој филм, за неговата мајка. Знам дека контактирал со нејзините пријатели и луѓе кои ја познавале, барајќи од нив да придонесат. Тоа ќе му одземе многу од вниманието и времето во следните 12 месеци – рече Ричард Кеј. 

Зборувајќи во емисијата „Palace Confidential“, тој исто така изјави дека верува оти годишнината повторно ќе го врати во фокус наследството на Дијана и ќе создаде дополнителен притисок врз веќе затегнатите односи меѓу Вилијам и Хари. Браќата наводно не зборувале речиси четири години, а последен пат биле видени заедно во јавност на крунисувањето на кралот Чарлс во мај 2023 година.

– Секако, тоа отвора едно старо прашање. Луѓето секогаш го поврзуваат Хари со Дајана, но таа беше мајка на две момчиња. Вилијам е исто толку син на неговата мајка колку и Хари, а Хари се обидува да го присвои наследството на Дајана за себе, што предизвикува интензивна фрустрација кај Вилијам – вели уредникот на „Дејли меил“.

 

Тој истакна дека Хари, Меган и нивните деца Арчи и Лилибет престојувале со семејството на Дајана во нивниот имот во Алторп за време на нивната посета на Велика Британија во јули и се држеле подалеку од Виндзор. Од друга страна, во истата емисија, уредникот Ричард Еден откри како Вилијам и Кејт, принцот и принцезата од Велс, планираат целосно да ги игнорираат Хари и Меган .

– Нивните пријатели велат: зошто би направиле нешто поинаку?  Тие сега се обични граѓани, а не вработени членови на кралското семејство. Нема никаква разлика дали се во Калифорнија или во Британија – заклучи Еден. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести