back to top
2.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Новак Ѓоковиќ навива за Јаник Синер, еве зошто!

Други наслови

Новак Ѓоковиќ не настапува во Монте Карло, но сега од срце ќе го поддржува Јаник Синер до крајот на турнирот!

Имено, српскиот тенисер моментално е четврти на АТП листата и ќе се обиде да остане на таа позиција што е можно подолго. Тоа носи малку полесен пат до полуфиналето на Гренд слемот, бидејќи Ѓоковиќ не би можел да се сретне со Карлос Алкараз и Јаник Синер.

Моментално, најголема закана за Новак е Феликс Огер Алјасим, кој е на петтото место и има 560 бода помалку од Ѓоковиќ, што може да го надомести ако го освои Мастерсот во Монте Карло.

Вчера, Каспер Руд му го предаде мечот кога Канаѓанецот водеше со 1:0 во сетови, додека резултатот беше 2:2 во вториот сет. Неговиот следен ривал е Јаник Синер, па Србинот ќе мора да навива за италијанскиот тенисер, за да има привилегиран статус во Мадрид.

Секако, тоа ќе зависи и од Новак Ѓоковиќ и турнирите на кои ќе настапува до Ролан Гарос и Вимблдон, но тој пат сигурно ќе биде подобар за него ако биде четврти на АТП листата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести