Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, даде бизарна нова изјава кога зборуваше во Овалната соба за свадбата на неговиот најстар син, Доналд Трамп помладиот, која е закажана за следниот викенд на Бахамите.
Како што истакна американскиот претседател, тој не е сигурен дека ќе присуствува на свадбата, наведувајќи дека има многу работи на кои треба да поработи.
„Би сакал да одам, но тоа ќе биде само мала приватна функција и ќе се обидам да дојдам. Реков дека ова е лошо време за мене. Имам нешто што се вика Иран и други работи“, рече Трамп.
Тој додаде дека „лажните вести“ ќе го распнат без разлика каква одлука ќе донесе.
Сепак, дури ни оваа изјава не можеше да помине без бизарноста по која се познати говорите на Трамп, а овој пат беше издвоен коментарот што го даде за својот син.
„Тој е личност што ја познавам долго време“, рече Трамп за својот син, што беше исмејувано од многу корисници на социјалните мрежи.
Трамп помладиот ќе се жени со Бетина Андерсон овој викенд, а претходно беше во брак со Ванеса Трамп, со која има пет деца.
