back to top
13.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Норвешката принцеза Мете-Марит ставена на листата на чекање за трансплантација на бели дробови

Други наслови

Здравствената состојба на норвешката принцеза Мете-Марит (52) сериозно се влошила, поради што официјално е ставена на листата на чекање за трансплантација на бели дробови, соопшти кралскиот дворец.

Принцезата со години се бори со сериозна болест, а во 2018 година ѝ беше дијагностицирана белодробна фиброза – хронична и прогресивна болест која предизвикува лузни на белодробното ткиво, што драстично го намалува внесот на кислород и го отежнува дишењето.

„Поради нејзината животозагрозувачка хронична белодробна болест и по деталните медицински прегледи, нејзиното кралско височество принцезата Мете-Марит е ставена на списокот за трансплантација на бели дробови“, се вели во официјалното соопштение на кралската палата.

Иако Универзитетската болница во Осло во декември минатата година наговести дека се приближува моментот за хируршка процедура, принцезата сè досега не беше формално вклучена на норвешкиот список на приматели на органи. Сепак, најновото влошување ги забрза медицинските протоколи.

Престолонаследникот Хакон итно ја прекина официјалната посета на Јапонија и се врати во Норвешка за да биде со својата сопруга.

Двојката беше принудена да ја одложи прославата на 25-годишнината од бракот, која беше планирана за август оваа година.

Мете-Марит има една од најфасцинантните биографии меѓу европските благородници. Кога го запознала принцот Хакон на музички фестивал во 1999 година, имала 25 години, била немажена самохрана мајка и потекнувала од буржоаско семејство.

Нивната врска првично предизвика голема медиумска возбуда и скептицизам во конзервативните кругови, но со својата искреност и посветеност, тие набрзо ги освоија симпатиите и длабокото почитување на мнозинството од норвешката нација.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести