back to top
12.8 C
Skopje
петок, 30 октомври , 2026

Обвинетиот за палење на две возила на бугарската амбасада во Скопје се изјасни за виновен

Други наслови

Обвинетиот за палење на две дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје се изјасни за виновен за кривичното дело што го сторил на 15 јуни годинава на денешната судска седница.

„Се чувствувам виновен и целосно ја прифаќам мојата вина. Јас самиот ја донесов одлуката“, изјави обвинетиот пред судот.

Станува збор за 44-годишен жител на Скопје кој на 15 јуни 2026 година, околу 12:05 часот, запалил две дипломатски возила паркирани пред Амбасадата на Република Бугарија, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

Според информациите изнесени на рочиштето, во времето на извршување на кривичното дело, обвинетиот носел маица со ликот на Гоце Делчев.

Потсетуваме дека на денот на инцидентот, тој излегол од дома и со автобус пристигнал во центарот на Скопјe. На бензинска пумпа на „Макпетрол“ во близина на амбасадата, наполнил пластично шише со бензин, потоа ја преминал улицата и се приближил до паркираните дипломатски возила. Ги испрскал со бензин, ги запалил со запалка и веднаш го напуштил местото на настанот.

Запалените возила ги користеле бугарскиот воен аташе и други вработени во дипломатската мисија. Инцидентот предизвика јавна реакција, а полицијата го идентификуваше и приведе осомничениот истиот ден.

Првично, Основното јавно обвинителство во Скопје покрена постапка за кривично дело „Предизвикување општа опасност“.

Сепак, по добивањето дополнителни информации, предметот го презеде Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое на 16 септември поднесе обвинение за кривично дело „Загрозување на лица под меѓународна заштита“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести