Денот по Нова Година, барате нешто лесно и освежително, а ништо не ве крева на нозе како топлата домашна пилешка супа, која го смирува желудникот и ви ја зголемува енергијата по напорната ноќ.Оваа едноставна супа е брза за подготовка, лесна, хранлива и совршена за мамурлак.
Состојки:
- едно пилешко крилце или батак
- еден мал компир
- еден морков
- малку целер
- еден мал црвен кромид
- една лажица масло или малку путер
- сол, бибер, билки
- мали тестенини за супа
- магдонос
Подготовка:
Пржете го пилешкото кратко во малку масло или путер за да ја ослободи аромата. Додадете го исечканиот кромид, морковот, компирот и целерот и кратко пропржете сè заедно.
Истурете околу еден литар вода во тенџере, зачинете со сол, црн пипер и зеленчук. Гответе околу 30 до 40 минути додека месото и зеленчукот не омекнат. На крај, додадете една шака мали тестенини и гответе уште пет до седум минути. Посипете со сушен или свеж магдонос и послужете додека е топло.
