back to top
21.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Ова е новата сопруга на Дејан Станковиќ! Таа му ја роди ќерката на почетокот на годината, се венчаа во тајност, а еве што работи таа (фото)

Други наслови

Новиот тренер на Црвена Ѕвезда, Дејан Станковиќ , во декември минатата година се ожени со убавата новинарка од Словенија, Анита Бојаниќ.

Во јануари оваа година, Анита се породи и роди девојче кое го крстија Анџела.

Анита е осум години помлада од Дејан Станковиќ.

Таа пораснала во Љубљана, каде што завршила училиште, но и високо образование на тамошниот универзитет. Тој има богата работна кариера, а моментално работи за компанија за видео продукција која работи и во Србија.

Да ве потсетиме дека Дејан Станковиќ се венча во строга тајност во ресторан во Белград. Тој ги замоли гостите да ја почитуваат неговата приватност и да не шират информации за свадбата.

Дејан Станковиќ го чува приватниот живот во своите четири ѕида, но претходно во медиумите одекна веста дека по 23 години брак се развел од Ана, со која има три деца – синовите Стефан, Филип и Александар.

Поранешниот фудбалер отворено зборуваше за Ана и претходно. Се заљуби во неа на 19 години и еднаш рече дека ја смета за најдобар потег во неговиот живот.

– Неодамна реков дека таа е потегот на мојата кариера и тоа е вистина. Ана е љубов, поддршка, потпора, вера и надеж – рече Дејан Станковиќ во една пригода, а се осврна и на воспитувањето на своите синови.

– Не размислувам дали сум строг или мек, само сакам да имаат насмевка на лицето и да бидат среќни. Грешките се составен дел од секоја кариера, без нив е невозможно да се постигне успех. Затоа, дозволете им слободно да грешат, но нека бидат свесни каде и како направиле грешка, за да можат подоцна да ја исправат. Не треба да ги повторувате грешките, но сосема е во ред да правите грешки – еднаш рече Дејан Станковиќ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести