back to top
16.8 C
Skopje
петок, 25 септември , 2026

Овие жени живеат подолго? Научниците открија неочекувана врска помеѓу возраста и породувањето

Други наслови

Студија на Универзитетот во Коимбра покажа дека жените кои го раѓаат своето прво дете во доцните триесетти години имаат поголеми шанси да живеат подолго.

Жените кои го раѓаат своето прво дете во доцните триесетти години имаат поголеми шанси за подолг животен век , според студија на Португалскиот универзитет во Коимбра.

Научниците го споредиле животниот век на мајките во европските земји со годините во кои имале деца.

– Резултатите покажуваат дека жените кои го добиле своето прво дете подоцна би можеле да живеат подолго. Ова е еден од најизненадувачките фактори и може да биде доказ дека одложувањето на бременоста е добра одлука – пишува „Журнал ов паблик хелт“.

Друга студија, објавена во списанието „Menopause“, откри дека постарите мајки може да имаат одредени ДНК маркери за долговечност во споредба со оние кои родиле порано и оние кои немаат.

Експертите за плодност веруваат дека тие имаат подолг животен век затоа што можат да си дозволат здрав начин на живот , бидејќи се образовани и инвестираат во кариера пред бременоста.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести