Министерот за правда Игор Филков, заедно со Синдикатот на вработени во администрацијата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Синдикатот на администрацијата, државната администрација и судството, го потпишаа Колективниот договор со кој административните службеници ќе добијат постепено зголемување на платите, кое ќе изнесува вкупно 21% до 2028 година.
Според договорената динамика, зголемувањето ќе се спроведува во три фази:
7% зголемување од 1 март 2026 година;
дополнително зголемување од 7% од 1 март 2027 година;
дополнително зголемување од 7% од 1 март 2028 година.
За вработените во Министерството за правда ова значи поголема мотивација, но и зголемена одговорност, ефикасност и професионализам во секојдневната работа, како и повисок квалитет на услугите за граѓаните.
