Комеморацијата по повод смртта на осудениот генерал на Главниот штаб на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, ќе се одржи во сабота, 5 септември, во Домот на Армијата во Белград, јавуваат медиумите.
Погребот е закажан за понеделник, 7 септември, на гробиштата Топчидер .
Комеморацијата ќе се одржи на 5 септември во 12:00 часот во Дом Војске, лоциран на улицата Браќе Југовиќа во Белград.
Телото на Ратко Младиќ ќе биде изложено во црквата „Свети Лука“ во Видиковац во понеделник, 7 септември,
од 9 до 12:30 часот.
Погребот ќе започне во 12:35 часот, по што погребната поворка ќе се упати кон гробиштата Топчидер, каде што ќе биде погребан Ратко Младиќ.
