back to top
27.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Познато времето и местото на погребување на познатиот моден дизајнер Валентино

Други наслови

Според медиумите, легендарниот моден дизајнер Валентино Гаравани починал на 93-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја потврди фондацијата што го носи неговото име, наведувајќи дека починал во својот дом, опкружен со семејството и најблиските. Погребот ќе се одржи во петок, 23 јануари, во Рим, во базиликата „Света Марија на ангелите и мачениците“.

Со децении, Валентино се сметаше за симбол на врвна елеганција и луксуз, а познатата „црвена боја на Валентино“ стана препознатлив знак на женственост низ целиот свет.

Неговите креации ги носеле бројни познати личности, меѓу кои Никол Кидман, Џенифер Анистон и Ен Хатавеј. Посебно место во неговата кариера зазема соработката со Џеки Кенеди, која ги носеше неговите модели по атентатот врз Џон Ф. Кенеди, како и на свадбата со Аристотел Оназис.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести