Откако Фабрицио Романо го објави враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, познато е и колку пари ќе заработи Бенфика.
Договорот на Мурињо со Бенфика, кој важи до летото 2027 година, содржи клаузула која му гарантира на португалскиот клуб значителна отштета доколку Мурињо замине на „Бернабеу“.
Според португалскиот весник „Рекорд“, Реал ќе мора да ѝ плати на Бенфика 7 милиони евра за да го доведе Мурињо.
Клаузулата е активна во многу краток временски период – Мурињо може да оди во Реал за 7 милиони евра само во рок од 10 дена по последниот натпревар од сезоната, што дефинитивно ќе се случи со оглед на тоа што Романо објави дека договорот ќе биде потпишан на 23 мај.
Бенфика веќе контактираше со потенцијални замени за Мурињо, а актуелниот тренер на Фулам, Марко Силва, е на врвот на листата.
