Министерството за внатрешни работи денес изнесе нови детали во врска со смртта на двегодишно дете на новогодишната ноќ.
„На 01.01.2026 година во 00:58 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив е донесено двегодишно дете од Скопје во многу тешка состојба и со повреда во главата.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и извршиле службен разговор со мајката Г.Д. (21), која објаснила дека на 31.12.2025 година пред полноќ излегла пред дворот на куќата во населбата Гази Баба со детето и додека гледала огномет слушнала бучава, по што забележала крв од главата на детето.
Во полициската станица беше спроведен и службен разговор со таткото на детето, М.А. (26). Во 01:58 часот на 02.01.2026 година, детето починало, а смртта ја констатирал лекар.
„По наредба на јавен обвинител, телото на детето е предадено на обдукција и се преземаат мерки за расветлување на случајот“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
