back to top
25.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Половина милион евра пронајдени во бункер во минибус на граничниот премин Табановце

Други наслови

Историска заплена од страна на Царинската управа на Македонија – на граничниот премин Табановце, околу половина милион евра беа пронајдени и запленети во минибус, скриени во специјално изграден бункер во возилото.

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, информираше дека девизите се откриени со помош на скенер, кој покажал модификации на минибусот.

„Девизата и возилото се трајно одземени, додека сторителот е државјанин на Албанија. За случајот е издадена судска одлука од Основниот суд во Куманово. Минибусот е во сопственост на туристичка агенција од Албанија, а во него биле превезувани седум патници“, рече Николовски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести