back to top
26.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Почина најстариот човек во Италија; Еве колку години имал

Други наслови

Најстариот маж во Италија, Витантонио Ловало, почина на 112-годишна возраст, објавија денес италијанските медиуми.

Ловало бил овчар и земјоделец , и живеел повеќе од еден век, никогаш не ја прекинал врската со својата земја на југот на Италија , објави Анса.

Тој живеел во селцето Авилијанија во покраината Потенца, а својот последен роденден го прославил на 25 март.

Ловало почнал да ја обработува земјата на 16-годишна возраст за да му помогне на своето семејство и никогаш не престанал да се занимава со земјоделство .

Тој престана да работи само пред шест години, кога веќе имаше повеќе од 100 години.

Во меѓувреме, Ловало ги преживеа најдраматичните настани од 20 век, за време на кои беше мобилизиран за време на Втората светска војна.

За време на војната, тој бил заробен од германски војници, по што бил депортиран на островот Родос, каде што останал затвореник до 27 ноември 1943 година.

Тој ги запишал овие искуства во своите белешки, кои им ги оставил на своите внуци и правнуци како сведоштво за војната и времето поминато на фронтот.

Неговиот статус на најстар маж во Италија беше меѓународно потврден , а организацијата „LongeviQuest“ го рангираше на 45-то место на својата глобална листа на луѓе кои достигнале 112 години и 170 дена живот. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести