back to top
15.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Просечна плата во Македонија 790 евра, ИТ секторот води со над 1.400 евра

Други наслови

Просечната нето месечна плата во Македонија достигна 48.779 денари, или околу 790 евра, според официјалните податоци. Сепак, приходите значително варираат од еден сектор до друг, при што разликите достигнуваат и до неколку стотици евра.

Секторот со највисоки плати е информатиката и комуникациите, каде што просечната плата достигнува 87.272 денари (околу 1.420 евра). Потоа следуваат финансиските и осигурителните дејности со 77.716 денари (околу 1.265 евра) и рударството и вадењето камен со 57.864 денари (околу 940 евра).

Од друга страна, најниски плати се евидентираат во секторот за сместување и угостителство, со просек од 34.846 денари (околу 565 евра). Потоа следуваат земјоделството, шумарството и рибарството со 37.387 денари (околу 608 евра) и административните и помошните услуги со 39.689 денари (околу 645 евра).

Во споредба со истиот месец минатата година, просечната нето плата во април 2026 година се зголеми за 7,3 проценти, што го одразува продолжувањето на трендот на раст на платите во земјата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести