back to top
2.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Путин испрати предупредување до Литванија ако распореди боеви глави: „Ќе бидете во дострел на нашите ракети“

Други наслови

Русија предупреди дека ќе насочи нуклеарно оружје кон Литванија доколку таа балтичка држава, членка на НАТО и сосед на Русија, распореди нуклеарни боеви глави од арсеналот на своите сојузници на нејзина територија.

„Доколку нуклеарно оружје биде распоредено на територијата на Литванија и насочено кон нас, тогаш територијата на таа земја, како последица на тоа, ќе биде во дострел на нашето нуклеарно оружје“, изјави портпаролот на Кремљ, 
Дмитриј Песков, во интервју за руската државна телевизија, објавено во петокот.

„Пристигнувањето на нуклеарно оружје во Литванија би претставувало многу сериозна пресвртница во однос на ескалацијата на тензиите“, додаде Песков.

Литванија презеде чекори кон укинување на уставната забрана за складирање нуклеарно оружје на нејзина територија. Тој го објаснува овој потег како обид да ја зајакне сопствената безбедност по почетокот на големата руска офанзива против Украина.

Предлогот за уставни измени моментално го разгледува литванскиот парламент. За негово усвојување е потребно двотретинско мнозинство, а беше поддржан од претседателот и главните политички партии. Промените би можеле да стапат на сила оваа зима, пишува францускиот „Фигаро“ .

Литванскиот претседател Гитанас Науседа на почетокот на јули изјави дека сака неговата земја да учествува во западното нуклеарно одвраќање кон Москва, посочувајќи ја можноста за распоредување нуклеарно оружје на литванска територија.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести