Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека улогата на природниот гас во меѓународната трговија само ќе се зајакнува.
Тој додаде дека енергетската независност и суверенитет не смеат да се градат на сметка на други земји и дека оние кои ја промовираа „зелената агенда“ ги реактивираа електраните на јаглен, соочени со тешкотии во енергетскиот сектор.
„Улогата на природниот гас како главен столб на глобалната енергија, индустријата, но и земјоделскиот сектор и меѓународниот трговски систем само ќе станува посилна“, рече Путин на Форумот на земји извознички на гас во Москва, пренесува Спутник.
Тој нагласи дека Русија е еден од клучните играчи на светскиот пазар на гас и дека е на прво место по резерви на природен гас.
Путин изјави дека Русија одговорно ги исполнува сите обврски во врска со испораките во странство, додека Европа, со откажувањето од руските енергетски производи, нанесува удар на сопствената индустрија.
„Кој копа дупка за друг, самиот паѓа во неа“, коментираше Путин за ставот на Европа.
Според него, секоја земја сама одлучува каков вид производство на енергија ќе развие, но природниот гас сочинува една четвртина од светскиот енергетски биланс.
„Секоја земја сама одлучува каков вид производство на енергија ќе развива, од јаглеводороди, нуклеарна енергија, хидроенергија или енергија од обновливи извори. Сепак, денес гасот сочинува една четвртина од светскиот енергетски биланс“, рече рускиот претседател за време на своето обраќање.
Тој посочи дека е потребно да се оптимизираат патиштата за снабдување со гас во светот, а на земјите извознички им предложи да разгледаат можни транспортни правци.
„Создадовме уникатен производствен комплекс кој ни овозможува да ги диверзифицираме испораките на гас, да ја развиеме неговата преработка и гасно-хемиската индустрија. Ги користиме овие силни ресурси, научна и индустриска база за раст на националната економија, а во исто време сме одговорен снабдувач на странски гас, сигурен и предвидлив партнер“, нагласи Путин.
Рускиот претседател ја нагласи директната врска помеѓу енергијата и националната безбедност, наведувајќи дека енергетската независност и суверенитет во поширока смисла не смеат да се обезбедуваат на сметка на други земји.
Povodom obraćanja egipatskog ministra nafte i mineralnih resursa Karima Badavija, кои je govorio o toj povezannosti, a Putin je kazao da je “teško ne složiti se” sa Badavijevom izjavom, da je energetska bezvezanno sa direkt.
Путин, исто така, повика на изградба на мостови на соработка во областа на енергетиката, особено ако се земат предвид актуелните настани во светот.
„Треба да ги изградиме овие мостови меѓу нас за да воспоставиме соработка и заедничко разбирање за тоа како да се движиме напред. Овој мост несомнено ќе биде многу силен и е многу потребен денес, со оглед на настаните што ги гледаме низ целиот свет“, рече Путин.
Според него, форумот на земјите извознички на гас не е „картел“.
„Ние не создаваме никаков картел. Тука не правиме ништо што би било спротивно на принципите на меѓународното право, меѓутоа, секако треба да разменуваме информации, што и го правиме, и мора да се залагаме за праведност во принципите на меѓународната енергетска политика, како и за обезбедување на безбедноста на снабдувањето со гас“, рече рускиот лидер на самитот.
Путин изјави дека кревањето во воздух на руските гасоводи „Северен тек“, преку кои се испорачуваше гас во Европа, е директен терористички чин.
„Директни терористички акти беа извршени врз руските гасоводи што водат кон Европа. Тие беа разнесени“, рече Путин.
Тој исто така рече дека оние кои ја промовирале „зелената агенда“ ги реактивирале електраните на јаглен наспроти тешкотиите во енергетскиот сектор.
Путин додаде дека земјите во развој се главните жртви на проблемите на глобалниот пазар и дека затоа, транзицијата кон целосно „зелена агенда“, исто како и секоја друга одлука во оваа сфера, мора да биде фер.
„И за да бидат овие одлуки избалансирани, сите мора да работиме заедно, вклучително и оние кои се за „зелената агенда“. Меѓутоа, кога решавањето на енергетските предизвици стана потешко, тие повторно ги отворија електраните на јаглен и сега активно ги користат. Па, што се случи со нивната „зелена агенда“? Треба да седнеме заедно на маса, сите ние, и да најдеме избалансирани решенија“, рече Путин.
Тој истакна дека ја смета Африка за „континент на иднината“.
Путин го поддржа претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, кој изјави дека санкциите наметнати врз неговата земја во областа на енергетиката се нелегални.
„Вие го обрнавте вниманието на нелегалните санкции што одредени земји ги воведуваат во областа на енергетиката. Целосно се согласувам дека тие водат до исклучително штетни последици за сите учесници на пазарот, и производители и потрошувачи на енергетски производи“, рече Путин на самитот, коментирајќи го обраќањето на иранскиот претседател.
