back to top
24.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Ракометарите на Барселона станаа европски шампиони по 13-ти пат

Други наслови

Pакометарите на Барселона ја освоија Лигата на шампионите во ракомет по 13-ти пат, што е воедно и 50-та европска титула во историјата на клубот, откако во финалето го победија Фукс Берлин со резултат од 37:34.

Барса, која победи на 60 од 61 одиграни натпревари оваа сезона, ја постигна својата трета „совршена сезона“ со седум освоени титули (по подвизи во 2000 и 2015 година).

Оваа сезона, Каталонците ги освоија Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, ASOBAL лигата, Кралскиот куп, Иберискиот суперкуп, Шпанскиот куп и Суперкупот на Каталонија.

Луис Фраде беше најефикасен кај Барселона со седум гола, а Блаж Јанц и Алеиш Гомез Абело додадоа по шест. Емил Нилсен имаше 14 одбрани.

Кај Фуксе, Матијас Гидсел беше најефикасен со осум гола, додека Ласе Андерсон и Тим Фрајхофер додадоа по седум. Дејан Милосављев собра 12 одбрани на збогувањето со Берлин.

Третото место го освои Магдебург, кој го победи данскиот Алборг со 32:26.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести