Осум репрезентации веќе ги знаат своите ривали во нокаут фазата на Светското првенство.
Исходот во групите G, H и I ги донесе првите познати двојки од осминафиналето на Светското првенство .
Осум репрезентации веќе го знаат својот ривал во борбата за пласман меѓу првите 16, додека преостанатите парови ќе бидат одредени по завршувањето на групите J, K и L и конечниот исход меѓу третопласираните селекции.
Меѓу најинтересните дуели се судирот меѓу Соединетите Американски Држави и Босна и Херцеговина , како и дуелот меѓу Бразил и Јапонија. Се очекува Австралија да се соочи со Египет, Холандија ќе игра против Мароко, додека Аргентина ќе се соочи со Зелено’ртските Острови.
Досега познати парови од шеснаесетфиналето :
Јужна Африка – Канада
Соединети Американски Држави – Босна и Херцеговина
Холандија – Мароко
Бразил – Јапонија
Брегот на Слоновата Коска – Норвешка
Аргентина – Зелен ’Рт
Австралија – Египет
Преостанатите осум натпревари ќе бидат познати по комплетирањето на последните групи и конечното формирање на нокаут фазата на Светското првенство.
