Американската музичка ѕвезда Ријана позираше во долна облека во новата кампања на нејзиниот бренд Savage X Fenty и предизвика воодушевување кај многу обожаватели.
Овој пат, таа позираше заводливо во црвена долна облека со цветни мотиви. Изданието на Ријана ги истакна нејзините гради, а пејачката сè го комплетираше со златни парчиња накит и црвени потпетици.
Ријана изјави дека долната облека е дел од новата колекција на нејзиниот бренд.
„Доаѓа жешко лето“, напиша таа во описот на нејзината објава на Инстаграм.
Нејзиното издание предизвика бројни коментари од обожавателите, од кои некои беа: „Само таа може да го носи ова“, „Динамит“, „Те сакаме“, „Ти си кралица“ и „Никој не може да биде како Рири“.
Во последните неколку години, Ријана најмногу се фокусираше на својот бренд шминка и долна облека. Својот последен албум „Anti“ го издаде во 2016 година, а синглот „Lift Me Up“ беше издаден во 2022 година. Иако одлучи повеќе да се фокусира на својот личен бренд, нејзините обожаватели ја навредуваат што направи пауза од музиката.
