Роберт Де Ниро стана главна тема на интернет откако се појави во јавноста со партнерка 36 години помлада од него.
Роберт Де Ниро (83) и неговата партнерка Тифани Чен (47) се појавија на премиерата на филмот „Фокер-во-закон“ во Њујорк. Иако настанот собра бројни ѕвезди од светот на шоу-бизнисот, јавноста сепак ги имаше очите само кон нив . Двојката одлучи да носи малку полежерни модни комбинации за оваа пригода.
Додека Де Ниро носеше дискретни модни парчиња – кадифени панталони што ги комбинираше со темно сива ролка и црна јакна, неговата сакана Тифани донесе малку поформални парчиња.
Како што можете да видите, таа избра интересен син кариран фустан со лежерен и опуштен крој. Својот изглед го надополни со темно сив џемпер и чанта, а го заокружи со едноставна коњска опашка.

Што се однесува до шминката , таа остана верна на природниот изглед, користејќи земјени тонови и минимална количина на производи за шминкање.
Инаку, Де Ниро и Тифани ја започнаа својата врска во 2021 година, а ја добија ќерката Џија во 2023 година. Веста за зголемувањето на семејството изненади многумина бидејќи актерот не зборуваше јавно за бременоста на својата партнерка, но и дека ќе има седмо дете на толку доцна возраст.

