back to top
16.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Рокот за собирање потписи за независните кандидати за Локалните избори 2025 година завршува на полноќ

Други наслови

Рокот за собирање потписи за независните кандидати за Локалните избори во 2025 година, кои се закажани за 19 октомври, завршува на полноќ.

Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК), заклучно со саботата, потписи за градоначалници се собрани во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека потписи за членови на совет се собрани во 11 општини за вкупно 12 листи.

Потписи за кандидати за градоначалници се собираат во Македонска Каменица (двајца кандидати), Куманово, Дебарца, Охрид, Струга, Дебар, Центар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Битола (двајца кандидати), Могила, Новаци (двајца кандидати), Гостивар, Демир Хисар (четворица кандидати) и за Градот Скопје.

Во однос на листи на советници, поддршка се собира во Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Битола (две листи за советници), Могила, Свети Николе, Лозово, Карпош, Дебар, Куманово и Старо Нагоричане.

Рокот за поднесување на листи за кандидати за градоначалници и советници за локалните избори е 13 септември.

Сепак, крајниот рок за следење на Избирачкиот список во сите регионални канцеларии и одделенија на Државната изборна комисија (ДИК) е 11 септември. Исто така, следува поднесувањето за набљудување на изборите и известување.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести