Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со прашање ндо премиерот Христијан Мицкоски со кого бил направен договорот за влез на „Алта банка“ во државата, обвинувајќи ја власта за загрозување на парите на граѓаните и компаниите.
„Пред некој ден, на интервју на Телма, најбезобразно призна дека нарачуваш текстови. Можеш да нарачуваш текстови каде сакаш, кога сакаш, во кој било медиум. Но, ние го знаеме тоа. Ти сега го призна пред целокупната македонска јавност. Дека си инспиратор, креатор, дека ги спроведуваш сите медиумски линчови, црни кампањи, лажни вести, кампањи со кои што верувај, го загадуваш духот на граѓаните, затоа што тие од таа огромна бројка на лажни вести не знаат што е вистина, што е лага, не знаат на што може да веруваат, на што не.Ама тоа ви е целта за да може да ловите во матно.
Ти си тој што наредува, очигледно, а Латас е тој кој што што извршува. Ама видовме во Србија како завршуваат тие кампањи“, кажа Филипче.
Лидерот на СДСМ се наврати на финансиите за настапот на Дејвид Гета, ставовите околу идентитетот.
„Лажеше за идентитетот. Се сеќаваме сите на оние реклами што одеа наведнати луѓе, ти викаше „Продаден е идентитетот, Преспа го продала, Преспанскиот договор“ и така натаму. За сега самиот ти да признаеш дека Преспанскиот договор го заштитил идентитетот, а нашиот јазик е веќе признат во Обединетите нации. Ти го кажуваш тоа . Претседателката на ЕК Фон дер Лајн дојде и тука, директно, отворено, во чело, ве чекаме во Европа со вашиот идентитет и јазик – директно ти кажува немој да лажеш веќе. Немој да ги лажеш граѓаните. Со тебе успех стана во европа да добиеме бесплатен роаминг.
Па граѓаните сакаат слободно да се движат низ Европа, да патуваат, а не да чекаат со часови по граница. Сакаат да се дела од слободниот пазар од 500 милиони луѓе, а не да зборуваат бесплатно по телефон. Сакаат квалитетен живот“.
Филипче предупреди дека целокупната состојба во државата откако е Мицкоски премиер е катастрофална. Граѓаните тонат во сиромаштија, а власта неконтролирано се задолжува врз грбот на народот.
„Трета економија сме биле во Европа. Како трета економија? На дното сме по бруто-домашен производ по глава на жител. Луѓето тоа секојдневно го чувствуваат, неконтролиран вртоглав раст на цените, на сè. Сè е поскапено во изминативе две години за 30–40%, од основни производи, гориво и така натаму.
Задолжување до бескрај. Неколку следни генерации се задолжени, за 50% е зголемен вкупниот долг на државата. Од 8 на скоро 12 милијарди евра. За што? За тековни трошоци.
И во такви околности во таква матна вода ја носите тука Алта банка. Најкриминалната банка во Европа“.
Со кого го направивте дилот за влез на Алта банка во државата беше прашањето на Филипче до Мицкоски.
„Порачajтe им на другарите со кои сега спремате увоз на мазут, да не ми се закануваат, другарите ваши од Србија. Затоа што не ви се плашам. Не ви се плашам. Затоа што јас сум на страна на Македонија. Вие сте на страна на криминалот“.
