Првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино, денес објави дека руските фудбалски клубови и руската репрезентација наскоро би можеле да се вратат на најголемата сцена.
Руските клубови и национални тимови беа исфрлени од сите натпреварувања под покровителство на УЕФА и ФИФА во последните четири години, по инвазијата на Украина, и ова наскоро би можело да се промени.
„Мора да ја укинеме забраната за Русите. Дефинитивно“, изјави Инфантино за „Скај њуз“.
Инфантино призна дека исклучувањето на Русите од натпреварувањето било голема грешка и дека забраната не постигнала ништо.
„Забраната за играње на Русите создаде поголема фрустрација и омраза“, рече Инфантино.
Тој додава дека дозволувањето на Русите да играат би им помогнало на „девојчињата и момчињата од Русија да играат во Европа“.
Инфантино, исто така, уште еднаш јавно се спротивстави на одлуката за воведување идентична забрана за Израел, нарекувајќи ја „пораз“.
Инфантино сака промени во правилата, така што ФИФА „никогаш не забранува на која било земја да игра поради постапките на нејзините политички лидери“.
