back to top
9.8 C
Skopje
петок, 16 октомври , 2026

Савески: Телефонскиот разговор со премиерот Мицкоски не го доживеав како притисок

Други наслови

Републиканскиот јавен обвинител Ненад Савески изјави дека телефонскиот разговор со премиерот во врска со случајот „Мазут“ не го доживеал како притисок, оценувајќи дека станува збор за интерес што произлегува од институционалната улога на Владата.

Савески нагласи дека одговара на секој повик и дека во конкретниот разговор не било побарано од него да даде извештаи или детали за случајот.

Тој објасни дека го поврзува интересот на премиерот со фактот дека државната енергетска компанија ЕСМ е правно лице во државна сопственост, па затоа може да има интерес за епилогот на постапката.

Савески додаде дека во комуникацијата не почувствувал никакви елементи што би укажувале на притисок врз работата на обвинителството, оценувајќи го разговорот како „природна“ реакција на службено лице кое има интерес за прашања поврзани со државниот капитал.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести