Илјадници американски и филипински војници, на кои за прв пат им се придружи значителен контингент јапонски сили, во понеделник ги започнаа годишните воени вежби, во услови на војна на Блискиот Исток.
Воените вежби ќе вклучуваат вежби со боева стрелба на северот од земјата преку Тајванскиот теснец, како и во провинција во близина на спорното Јужнокинеско Море.
Јапонската војска, која учествува со 1.400 лица, ќе употреби крстосувачка ракета од типот 88 за да потопи целен брод во близина на северен Паоај, пишуваат странските медиуми, според „Телеграф“.
Повеќе од 17.000 војници, пилоти и морнари учествуваат во 19-дневните вежби „Баликатан“ или „Рамо до рамо“, вклучувајќи контингенти од Австралија, Нов Зеланд, Франција и Канада.
Портпаролот на американската вежба, полковник Роберт Бан, рече дека вежбите ја покажуваат „нашата посветеност на слободен и отворен Индо-Пацифик“.
Бан додаде дека нивото на американските трупи нема да биде засегнато од тековната војна на неговата земја на Блискиот Исток.
Регионални жаришта
Баликатан се случува во време кога Иран и САД, заедно со Израел, се само неколку дена од прекин на двонеделното примирје со кое беше запрена војната.
Конфликтот предизвика глобална енергетска криза што ги остави Филипините, кои зависат од увоз, во неволја.
Вежбите се одржуваат во време кога Пекинг го зголемува воениот притисок околу Тајван.
Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос минатиот ноември изјави дека „војната околу Тајван би ги вовлекла Филипините во конфликтот“.
Ќе бидат тестирани и интегрирани системи за воздушна и ракетна одбрана, вклучувајќи технологија за спротивставување на беспилотни летала.
