Принцот Хари и Меган Маркл наводно размислуваат јавно да му се извинат на кралот Чарлс со надеж дека ќе го подобрат односот со кралското семејство, кој е затегнат откако тие одлучија да се повлечат од своите официјални кралски должности во 2020 година и да се преселат.
Наием, војводата и војвотката од Сасекс, двојката неодамна отпатува во Обединетото Кралство со своите две деца, каде што се сретнаа со кралот Чарлс и кралицата Камила, што би можело да укаже на првиот чекор кон средување на односите.
Новинарот Роб Шутер откри на својот профил на Subtack „Naughty But Nice“ дека неколку извори му кажале дека се водат сериозни дискусии за тоа дали војводата и војвотката од Сасекс треба јавно да му се извинат на кралот Чарлс, пишува Express.uk.
„Станува збор за признавање дека последните пет години предизвикаа огромна болка. Сега разговараме што треба да содржи извинувањето и, подеднакво важно, што не треба да содржи“, изјави неименуван извор за „Naughty But Nice“, кој исто така наведува дека ќе биде потребно многу повеќе од едно попладне заедно за да се поправат односите во кралското семејство.

Меган и Хари, заедно со нивните деца принцот Арчи и принцезата Лилибет, се сретнаа повторно со кралот Чарлс и кралицата Камила на 10 јули во Хајгроув.
Иако Хари повремено го гледал својот татко во последните неколку години, ова беше прв пат кралот да ги види Меган, Арчи и Лилит од 2022 година.
Средбата се одржала во строга тајност, и сè уште не е познато за што разговарале. Фотографиите од оваа приватна семејна средба, за која се верува дека траела нешто повеќе од еден час, не се објавени.
