Од СДСМ велат дека остануваат само 2 дена до 1 јуни, кога Христијан Мицкоски јавно им вети на граѓаните дека целосно ќе ги исполни сите точки од Реформската агенда и обврските за продолжување по европскиот пат.
„2 дена до уште едно прекршено ветување од Мицкоски и уште една лага. Нема реформи, нема документи за екстрадиција на Никола Никола и негово враќање во затвор, постојат само Стоилковиќ и Кина, која стратешки работи против стратешкиот партнер, САД. Мицкоски лажеше за враќањето на името, лажеше за поништувањето на Преспанскиот договор, лажеше дека македонскиот идентитет, јазик и култура се загрозени, а денес лаже за Реформската агенда.“
„За две години, тој нецелосно заврши 2 точки од 10, а главната останува недовршена, вклучувањето на малцинствата во Уставот, обврска без која нема да мрднеме од ќорсокак. Без ова, нема да има продолжување на преговорите со ЕУ, нема отворање на идни поглавја, нема нови европски фондови, нема подобар животен стандард за граѓаните, ништо. Сега нека Мицкоски ги вклучи малцинствата во Уставот или нека излезе пред граѓаните и јавно да признае дека не сака членство во ЕУ“, велат од СДСМ.
