back to top
16.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Се испитуваат кујните во девет основи училишта во Карпош по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Други наслови

Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство денеска, спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на девет основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во основното училиште Димо Хаџи Димов во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за подготиовка на храна.

Во рамки на вонредните контрли во овие училишта каде нема деца кои појавиле симптоми на труење со храна, се земаат мостри од храна и од работните површини за лабораториско тестирање.

АХВ ги чека резултатите од тестирањата на земените примероци храна и од работните површини, земени во рамки на вчерашната воонредна инспекциска контрола која заедно ја спроведоа инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот здравствен и санитеран инспекторат, и Ценатрот и Институтот за јавно здравје.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести