back to top
7.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Се урна дел од мостот на граничниот премин Градишка – сообраќајот е во прекин 

Други наслови

Дел од мостот кон граничниот премин Градишка од страната на Босна и Херцеговина се урна и сообраќајот во моментов е затворен за сите возила кон граничниот премин.

ХАК известува дека поради оштетување на мостот помеѓу граничните премини Стара Градишка (ХР) и Градишка (БиХ) , сообраќајот е во прекин во двата правци.

Според првичните информации, нема повредени лица, а повеќе информации ќе бидат познати во текот на денот.

Во овој момент не е познато како се срушил делот од мостот.

Според првичните информации, уривањето се случило околу 1 часот по полноќ вечерва.

На возачите им се препорачува веднаш да го пренасочат своето движење кон најблиските алтернативни гранични премини.

Локалните медиуми, исто така, јавуваат дека е затворена за сообраќај улицата „Војводе Степе“ под мостот, како и улицата „Видовданска“.

Полицијата ги обезбедува областите околу мостот.

Според локалните медиуми, оградата и бетонската конструкција се урнале.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести