back to top
19.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Семејството платило осум милијарди долари данок на наследство

Други наслови

Семејството koe стои позади јужнокорејскиот технолошки гигант Самсунг платило 12 трилиони вони (околу 8 милијарди долари) даноци, што се смета за најголем износ на данок во историјата на Јужна Кореја.

Претседателот на компанијата Ли Џе-Јонг, неговата мајка Хонг Ра-Хи и сестрите Ли Бу-Џин и Ли Со-Хјун ја платиле сумата на шест рати во текот на изминатите пет години во врска со сметка поврзана со средствата оставени од покојниот претседател на компанијата Ли Кун-Хи, објави Би-Би-Си.

Самсунг вчера потврди дека е извршена последната уплата и додаде дека износот е еднаков на приближно 1,5 пати од вкупните приходи од данок на наследство во земјата за 2024 година.

Ли Кун-хи, кој почина во октомври 2020 година, остави богатство од 26 трилиони вони (околу 19 милијарди долари), заедно со акции, недвижнини и уметнички колекции.

Дел од имотот вклучува и неговата колекција уметнички дела од Пабло Пикасо и Салвадор Дали, кои беа донирани на Националниот музеј на Кореја и други културни организации.

Самсунг се смета за најголема семејна компанија во Јужна Кореја со бизниси што вклучуваат електроника, производство на индустриска опрема, градежништво и финансиски услуги.

Богатството на компанијата се зголеми неколку пати во текот на изминатата година поради големата побарувачка за компјутерски чипови во индустријата за вештачка интелигенција (ВИ).

Покрај производството на компјутерски чипови, Samsung е еден од најголемите светски производители на паметни телефони и телевизори.

Самсунг е основана од Ли Бјунг-чул, дедото на сегашниот лидер на компанијата, во 1938 година како трговска фирма која извезувала сушена риба, брашно и тестенини, а подоцна и шеќер и текстил, а започнала со производство на електроника во 1960-тите.

Стапката на данок на наследство во Јужна Кореја е 50 проценти и се смета за една од највисоките во светот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести