back to top
13.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Сестрата на Панчо сподели приказна за него

Други наслови

Една година по трагедијата што го потресе Кочани, повторно се отворија емоциите кај најблиските на Владимир Блажев – Панчо. Неговата сестра, Јадранка Неделковска, сподели лично сеќавање што допре многумина.

Таа објави видео од стара изјава на Панчо, во кое зборува за создавањето на песната Ако утре ме нема – еден од најпознатите хитови на ДНК. Во разговорот, тој открива дека додека ја пишувал песната, чувството било необично, речиси како да претчувствува нешто.

„Текстот ми беше во глава… додека зборувам се ежам“, вели Панчо во снимката, опишувајќи ја песната како една од најемоционалните што некогаш ја создале.

Овие зборови денес звучат многу потешко, особено по трагичниот пожар во дискотеката Пулс, каде животот го загубија 63 лица, меѓу кои и членови на групата.

Јадранка и претходно јавно ја споделуваше својата болка. На денот на неговата смрт, таа се прости со емотивни зборови, опишувајќи ја празнината што ја оставил зад себе и спомените што ќе ги чува засекогаш.

Година подоцна, спомените не избледуваат – напротив, стануваат сè посилни, а неговите зборови добиваат значење што никој не можел да го претпостави тогаш.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести