Познатата манекенка Синди Крофорд објави тажна порака по смртта на нејзиниот син Пресли Вокер Гербер, кој почина на 20 септември 2026 година, на 27-годишна возраст.
„Неизмерно сме скршени од загубата на нашиот сакан син и брат. Се чувствуваме благословени што го имавме Пресли во нашите животи 27 години. Тој беше нежна и прекрасна душа, која сакаше и беше сакан, сега и засекогаш“, напиша моделот .
Таа додаде дека се горди на начинот на кој нејзиниот син се однесувал кон светот, со љубезност и ранливост, и дека се благодарни за огромната поддршка што ја добиваат.
„Благодарни сме за љубовта и поддршката што ни ја даваат многумина кои го познаваат и го сакаат нашето семејство, но и целосни странци кои ја чувствуваат нашата болка. Додека не се сретнеме повторно, наше драго момче. Ќе те сакаме засекогаш“, напишаа мама, тато и Каја во објава на Инстаграм.
На крајот од објавата, Синди му се заблагодари на фотографот Себастијан Фаена, кој ја направи фотографијата што таа ја одбра за да се збогува со својот син.
„Ти благодарам, Себастијан Фаена, што ја направи оваа прекрасна фотографија“, напиша таа.

Да ве потсетиме дека Пресли Вокер Гербер, син на Синди Крофорд и бизнисменот Ранд Гербер, почина на 20 септември 2026 година, на 27-годишна возраст.
Тој беше помладиот брат на моделот Каја Гербер.
Семејството сега се збогува со него со емотивна порака, нагласувајќи дека засекогаш ќе ги негуваат неговите спомени.
