back to top
11.8 C
Skopje
среда, 4 ноември , 2026

Синот на Роналдо на списокот на репрезентацијата на Португалија

Други наслови

Синот на славниот Кристијано Роналдо, Кристијано Роналдо Јуниор, беше на списокот на селекторот на репрезентацијата на Португалија до 17 години, Филип Рамос, за претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство.

Роналдо јуниорот , кој ќе наполни 17 години во јуни, ќе му биде на располагање на тренерот за натпреварите против Андора (11 ноември), Бугарија (14 ноември) и Србија (17 ноември).

Натпреварите, вклучувајќи го и оној со Орлиќи во кој тие формално се домаќини, всушност ќе се играат како мини-турнир во „Cidade do Futebol“ во Оеирас, предградие на Лисабон.

Роналдо јуниор игра за помладите категории на Ал-Насра , а  веќе некое време е дел од помладите селекции на португалската репрезентација.

Вкупно, тој одигра 13 натпревари за националните селекции до 15 и до 16 години, постигнувајќи пет гола.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести