back to top
20.8 C
Skopje
сабота, 19 септември , 2026

Скандалозно интервју со сопругата на судијата Ѓоко Ристов: Симона Зориќ Ристова проговори за илјадниците евра сокриени во ѕид!

Други наслови

Сопругата на притворениот судија Ѓоко Ристов гостуваше во синоќешното издание на емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов. Симона Зориќ Ристова во интервјуто се појави симболично облечена во бела боја, со јасна порака — белата облека како симбол на невиност пред „монструозните“ обвинувања. Таа тврди дека нејзиното семејство е жртва на медиумски линч и дека обвинителството ја манипулира јавноста. „Ја носам белата боја со гордост бидејќи вистината е на наша страна“, порача Ристова на почетокот од емисијата.

Симона Зориќ Ристова ги отфрла сомнежите дека 350.000 евра кои беа најдени заѕидани во зидот на семејната куќа на неговите родители во Неготино се од поткуп. Таа во емисијата раскажува дека нејзината свекрва од Неготино, која на 70-годишна возраст оформила градежно земјиште и продала фирма за фотоволтаици за 450.000 евра. Парите биле во ѕид затоа што семејството немало доверба во банките, а ДНК трагите на судијата биле само „несреќна случајност“ ,односно секундарно пренесени.

Во шокантно сведоштво, Симона Зориќ Ристова вели дека вистинскиот нарачател на хајката против нејзиниот сопруг е наводно негова колешка од Апелација која сакала да го елиминира Ристов за да стане претседател на судот. Ристова тврди дека постои Вибер комуникација во која Фехми Стафа вели дека судијката е „за“ одредени одлуки, додека Ристов бил против.

Мистериозни закани во Тетово: Маскиран човек му се заканувал на таткото на Ристова?

„Оваа е заштитен сведок и има моќ да мести судии“, биле зборовите на маскиран човек кој во темна уличка во Тетово го пресретнал таткото на Симона Ристова. Заканата била директна — Ристова да престане да ја споменува „апелационата судијка“ бидејќи ќе има големи последици. Ристова смета дека ова е доказ за вклученост на „службите“ во заштита на вистинските виновници.

Ристова во емисијата изнесе тешки обвинувања против истражните органи, тврдејќи дека поранешниот правобранител Фехми Стафа бил малтретиран и уценуван. „Му велеле: кажи дека парите се за Ѓоко и ќе си одиш дома“, тврди сопругата на судијата. Според неа, Стафа одбил да лаже и затоа завршил со спогодба и затворска казна, испраќајќи писма до институциите за тортурата што ја преживеал.

Непријавениот стан и „заборавената“ лозинка: Правобранителката се правда за имотот

На прашањето за непријавениот стан од 143 квадрати на улица Варшавска, Ристова одговара со необично оправдување — немарност и проблеми со лозинката на системот на ДКСК. Таа тврди дека не го крие имотот бидејќи е наведен во нејзината лична карта, а гаражата не ја пријавила бидејќи вредела под 5.000 евра.

Премногу прашања, премалку одговори, а најмногу „случајности“. Жртви на системот или „Октопод“ кој со години ја јаде Република Македонија? Погледнете го скандалозното интервју и заклучете сами.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести